Во Белорусија прогласено високо ниво на опасност од тероризам

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека во земјата е прогласено високо ниво на опасност од тероризмот.

– Во ек на ескалација прогласено е високо ниво на закана од тероризам. Затоа започнавме процедури за распоредување сили со Русија. Тоа во основа е составена од белоруската армија и е дополнето со единици на Руската Федерација, истакна Лукашенко.

Тој пред неколку дена изјави дека раководството на НАТО и некои европски земји ја разгледуваат можноста за агресија врз Белорусија, како и дека има и сценарио за употреба на нуклеарно оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина

Лукашенко помилува Германец осуден на смрт во Белорусија

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин