Радикализиран тинејџер уби две лица пред геј бар во Братислава, изјави денеска словачкиот премиер Едуард Хегер.
Вооружен маж во средата вечерта уби две лица и рани уште едно во близина на барот Тепларен во центарот на градот, соопшти полицијата.
Самиот осомничениот напаѓач утрово бил пронајден мртов, додале полициските службеници. Во престрелката тешко e ранета келнерка.
„Најостро го осудувам убиството на двајца млади момчиња кои синоќа беа убиени во Братислава од радикализиран тинејџер“, напиша Хегер на Твитер.