Ирачкиот Парламент го избра Абдел Латиф Рашид за претседател на земјата

Од:

Ирачкиот Парламент денеска го избра Абдел Латиф Рашид (78) за претседател на земјата, објави претставник на парламентот по пребројувањето на гласовите.

Од изборите во октомври 2021 година, земјата е во политичка криза бидејќи не беше можно да се постигне договор ниту за нов претседател ниту за премиер.

По вториот круг, Рашид е избран со повеќе од 160 гласови, додека претходниот претседател Бархам Салех собра 99.

Годинава парламентот веќе трипати неуспешно избираше претседател, што традиционално е почесна функција резервирана за курдското малцинство.

Поранешен министер и инженер, Рашид е компромисен кандидат за поларизирана земја.

Новиот претседател му го даде мандатот за формирање на новата влада на Мохамед Шија ал Судани, поранешен министер и претставник, припадник на шиитите.

Судани очекува формирање на владата „што е можно поскоро“.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак