Русите започнаа нов бран ракетни напади врз западна Украина. Регионалниот гувернер на Лавов, Максим Козицки, објави дека „противвоздушната одбрана работи“ откако се огласија сирените за воздушен напад. Тој ги повика жителите да останат во засолништа бидејќи „опасноста продолжува“.
Во градовите Чорткив и Тернопил, кои исто така се наоѓаат на западот на Украина, се слушнале експлозии. Не е јасно дали ова е резултат на руски ракетни напади или на украинската воздушна одбрана.
По првичните информации, Козицки повторно одговори на својот канал Телеграм, велејќи дека Русите „погодиле воен објект во регионот Лавов“.
„Ова е објект кој и претходно бил мета. Уништен е армиски имот. Нема жртви. Имало три проектили, од кои два ја погодиле целта. Еден проектил е соборен од нашата противвоздушна одбрана“, најави Козицки.