Пешачкиот мост кај Овчар Бања, кај манастирот Јоване утрово околу 10 часот се урна, а во оваа несреќа загинаа две жени.
Камерите го снимиле моментот на трагедијата кога околу 20 туристи од Босна и Херцеговина, кои дошле да ги посетат манастирите во Србија, во исто време почнале да го минуваат мостот.
Во тој момент се скршил кабелот на мостот и луѓето буквално во секунда се нашле во заледената Морава.