Зеленски: Украина има само 10 отсто од она што и е потребно за воздушна одбрана

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека неговата земја има само околу 10 отсто од она што и е потребно за воздушна одбрана и уште еднаш ги прекина дипломатските контакти со Русија, пренесува Ројтерс.

Во видео обраќањето пред Парламентарното собрание на Советот на Европа, тој нагласи дека дипломатијата не е можна со лидери кои не го почитуваат меѓународното право, наведува британската агенција.

Зеленски рече и дека Москва мора да биде принудена да ги исполни барањата на Меѓународната агенција за атомска енергија и да дозволи демилитаризација на украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е под руска контрола.

Украинскиот претседател најави и дека ситуацијата во областите на регионот Харков кои повторно се под контрола на Киев е страшна како во Ирпињ и Буча, кои претходно беа ослободени од руските сили, наведува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски