Неколку војници загинаа, а повеќемина се повредени, откако се активира експлозивна направа поставена на воен автобус во Дамаск, јавија дел од британските медиуми.
Засега нема повеќе детали и досега никој не презеде одговорност за експлозијата.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, соопшти за 17 жртви во нападот на воениот автобус во Дамаск.
Извор: МИА