Шефот на Гаспром ja предупредува Германија: Имате уште два месеци гас

Од:

Шефот на рускиот државен гасен гигант Газпром, Алексеј Милер денеска изјави дека во германското подземно складиште ќе има доволно гас уште два до два и пол месеци.

Говорејќи на конференцијата „енергетска недела“ во Москва, Милер ја предупреди Европа за последиците од откажувањето од рускиот гас, велејќи дека „нема гаранција дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на сегашниот капацитет за складирање гас“.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да продолжи со испораките на гас за Европа преку гасоводот „Северен тек 2“, кој оди до Германија под Балтичкото Море.

Недостатоците во испораките на руски гас ги зголемија цените, поттикнувајќи ја инфлацијата и вршејќи притисок врз владите да помогнат во олеснувањето на вртоглавите сметки за енергија за домаќинствата и бизнисите.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија