Владата на Бугарија почна истрага за бугарска поврзаност со експлозијата на мостот на Крим

Од:

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев нареди итна истрага по објавувањето на информацијата дека камион натоварен со експлозив од Бугарија во саботата се разнел на мостот на Крим, соопшти владиниот портпарол Антон Кутев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кутев, преодната Влада побарала информации од безбедносните служби за камионот што експлодира на мостот на Крим. Проверки, како што рече и тој, вршат Државната агенција за национална безбедност и бугарското Министерство за внатрешни работи.

– Какви ќе бидат резултатите останува да видиме, наведе Кутев.

Поранешниот заменик-министер за одбрана на Бугарија Јордан Божилов го отфрли постоењето на бугарска врска со она што се случи на мостот на Крим во саботата и го дефинира како хибридна војна против бугарските власти.

Нема бугарска трага. Блеф! Да се вметнат Бугарија и НАТО во наративот, напиша тој и на Фејсбук дека пропагандата во Кремљ треба да го вметне и НАТО во својот наратив.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна