Јанкуловска: Процедурата за смена и оставка на министер налага покренување интерпелација

Од:

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска одговори на барањето на ЛДП за нејзина оставка по усвојувањето на извештајот на комисијата за настаните од 24 декември.

-Процедурата за разрешување и барање оставка на Министер во Владата, согласно Уставот и законите на Република Македонија, која ја знаат и студентите на Правниот факултет, налага покренување на постапка за интерпелација од пратениците кои се заинтересирани да ја иницираат во Собранието на РМ. Смена на министер или министри е можна и преку барање за гласање на доверба на Владата, распуштање на Собранието и распишување на избори.

Разбирам дека СДСМ се плаши од предвремени избори заради преполовување на поддршката од граѓаните и губење на најголем дел од пратениците, но не можам да разберам зошто е стравот од избори на ЛДП која најмалку што може е да го повтори изборниот резултат и добиената доверба од граѓаните, освојувајќи НУЛА пратенички места, се вели во соопштението испратено од МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи