Шмигал: При руските напади оштетени се 11 инфраструктурни објекти

Од:

Премиерот на Украина, Денис Шмигал изјави дека се оштетени 11 инфраструктурни објекти во осум региони и во главниот град Киев во денешните руски ракетни напади.

Според ситуацијата во 11 часот, оштетени се 11 важни инфраструктурни објекти во осум региони и градот Киев. Сега некои области се отсечени, потребно е да се подготвиме за привремени прекини на струјата, водоснабдувањето и комуникациите, објави Шмигал на Телеграм.

Украинската армија соопшти дека Русија утрово истрелала 75 проектили во Украина, додека претседателот Володимир Зеленски изјави дека главната цел на руските напади била енергетската инфраструктура на земјата, а втората цел биле луѓето.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски