Ким Џонг Ун го гледаше лансирањето на два балтички проектили „од првиот ред“ во бел костум, што многумина го сметаат за симболичен потег. Ова беше седмо вакво лансирање во последните две недели, а севернокорејскиот лидер најавува дека ќе има уште.
Северна Кореја денеска соопшти дека нејзиното последно лансирање ракета е тест на нејзиното тактичко нуклеарно оружје, со цел да погоди и уништи потенцијални јужнокорејски и американски цели, објавија државните медиуми од Пјонгјанг.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун навести дека може да спроведе повеќе тестови во наредните недели и рече дека тестот е предупредување за непријателите.
Најавата на Северна Кореја се сметаше за обид да се зајакне единството на луѓето зад Ким, во време кога тој се соочува со економски тешкотии од пандемијата, безбедносната закана од зајакнатата американско-јужнокорејска воена алијанса и други проблеми.