Русија мора да одговори на терористичкиот напад на Украина на мостот на Крим со директно убивање терористи како што е вообичаено на други места во светот, изјави Дмитриј Медведев, човек на Путин и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.
Медведев го изјави ова во интервју со новинарката Надани Фридрихсон, објавено на нејзиниот канал на Телеграм, пишува руската новинска агенција ТАСС.
„Нападот на мостот на Крим е терористички акт и саботажа извршени од криминалниот режим на Киев. Нема сомнеж во тоа. Сите извештаи се презентирани и донесени се заклучоци“, изјави Медведев, пишува ТАСС.
На средбата со рускиот претседател Владимир Путин во неделата вечерта, шефот на рускиот Истражен комитет, Александар Бастрикин, рече дека „украинските специјални служби стојат зад терористичкиот напад, а руските државјани и странците дејствувале како помагачи“. Тој исто така рече дека е започната истрага и дека осомничените веќе се идентификувани со оперативна поддршка на офицерите на ФСБ.
„Нападот извршен од режимот во Киев несомнено имаше за цел да ја уништи виталната руска цивилна инфраструктура“, рече Путин.