ФСБ: Значително зголемени украинските напади на руска територија

Од:

Руската Служба за безбедност (ФСБ) предупреди на значително зголемување на украинските вооружени напади на руска територија долж границата со Украина, во кои во изминатата недела едно лице загина, а пет беа ранети.

„Од почетокот на октомври значително е зголемен бројот на напади на украинските војници врз руската погранична област“, ​​се посочува во соопштението на ФСБ, која е одговорна и за граничната контрола.

Станува збор пред се за регионот Белгород, кој се граничи со Харков во Украина, каде силите на Киев од почетокот на септември ослободија илјадници квадратни километри територија, до границата. Мета се и руските региони Брјанск и Курск, според ФСБ.

„Во изминатата недела беа забележани повеќе од 100 напади на 32 населени места, во кои беа употребени повеќе ракетни фрлачи, артилерија, минофрлачи и беспилотни летала“, додава тој.

Според ФСБ, „еден локален жител е убиен, а петмина се ранети, меѓу кои и едно дете“ во тие украински гранатирања во кои беа урнати две трафостаници, единаесет станбени згради и две административни згради.

Оштетени се и осум гранични пунктови, според истиот извор. Руските области беа мета неколку пати во последните седум месеци.

На 12 септември во напад на рускиот граничен премин едно лице загина, четворица се ранети, а оштетени се станбени згради и далноводи.

Во јули, руската војска го обвини Киев за гранатирање на Белгород, административен центар на истоимениот регион. Во април, украински хеликоптери нападнаа, тврдат Русите, складиште за нафта на четириесет километри од границата.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Украина транспортирала околу 11,36 милиони тони руска нафта преку нафтоводот Дружба во 2024 година