Западните испораки на оружје со долг дострел или помоќно за Киев ќе бидат црвена линија за Русија.
Ова го изјави директорот на вториот оддел на руското Министерство за надворешни работи за прашања на Комонвелтот на независни држави, Алексеј Полишчук.
„Што се однесува до црвените линии, ние веќе ги обележавме. Пред се, тоа се испораки на оружје со долг дострел или помоќно во Киев“, изјави Полишчук за ТАСС. Тој додаде дека конкретни мерки за одговор на акциите на САД и нивните сојузници кои доставуваат оружје за режимот во Киев ќе бидат дефинирани по детална анализа на ситуацијата.
Полишчук нагласи дека Русија има доволно ресурси да ги спроведе. Според него, САД и помагаат на Украина во регрутирањето странски платеници и обезбедуваат насоки за борбени операции.