Тri лица загинаа откако дрвен туристички брод се преврте во Гдањск, Полска, а властите соопштија дека најверојатно тоа е предизвикано од големи бранови предизвикани од шлепер кој поминувал покрај него, објави во неделата Би-Би-Си.
Четиринаесет лица, вклучително и двајца членови на екипажот, беа на бродот Галар Гдањски кога се преврте на реката Мотлави во саботата.
Државната противпожарна служба соопшти дека починатите лица во најкраток можен рок се извлечени од водата и дека е направен обид за нивно реанимирање.
На местото на несреќата констатирана е смрт на 60-годишен маж, а други две лица подоцна починале во болницата каде што им била укажана помош. Локалните медиуми јавуваат дека една од жртвите била бремена.
Градоначалничката на Гдањск, Александра Дулкиевич, го нарече инцидентот огромна трагедија. Таа рече дека во најбрз можен рок ќе се разјаснат причините за страшната несреќа, а на сите преживеани им е укажана стручна медицинска и психолошка нега.
Галар Гдањски, дрвен брод, долг околу девет метри, може да прими до 12 патници и двајца членови на екипажот. Тоа е копија на полски брод кој бил популарен во 18 век и се користел за транспорт на стоки по реката.