Легендарниот шпански голман и долгогодишен капитен на Реал Мадрид, Икер Касилјас, ја шокираше јавноста во Шпанија, но и во целиот свет, откако на Твитер објави дека е геј. Сепак, подоцна го избриша постот, а сето тоа било реакција на нападните медиуми на Пиринеите кои речиси секој ден го поврзуваат со нова девојка.
По разводот со Сара Карбонеро, беше објавено дека е во врска со Шакира, поранешната партнерка на Жерар Пике, а најновата сторија е дека е во врска со убавата шпанска актерка Алехандра Ониева.
На крајот, откако му здодеало да биде поврзуван со девојките, Икер Касилјас, можеби и не претпоставувајќи каква бура ќе предизвика, објавил дека е геј, со намера да го остават на мир. Но, тоа уште повеќе само ги разгоре страстите.
Извор: Топспорт