Петмина повредени во сообраќајка во Драчево

Од:

На 8.10.2022 во 13.45 часот било пријавено дека во Скопје, на локалниот пат Драчево – с.Долно Количани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“, управувано од Р.А.(24) од с.Горно Количани, скопско и патничко „фолксваген“, управувано од Г.Д.(34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од возилото „БМВ“ и сопатникот од возилото „фолксваген“ А.Ќ.(29) од с.Студеничани, скопско, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден малолетен сопатник од возилото „БМВ“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски