А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бројот на првачиња продолжува да опаѓа

by А1он26/08/2013 - 14:44166
Share0

Во прво одделение во учебната 2013/2014 година досега се запишани 20.774 деца, со што продолжува опаѓањето на бројот на првооделенци во училиштата низ Македонија.

Добивај вести на вибер

– Со жалење морам да констатирам дека во изминатите пет-шест години има во просек од 500 до 700 помалку запишани првачиња. И оваа година бројот е намален во однос на минатата. До денес се запишани 20.774 првооделенци, бидејќи уписот трае уште, очекувам бројот да порасне. Но, дефинитивно, ќе има повторно помалку запишани во прво одделение, рече министерот за образование и наука Спиро Ристовски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ОУ „Блаже Конески“.

Ристовски очекува наставниците да бидат поревносни во водењето електронски дневник, зашто таа обврска ќе ја имаат еднаш неделно наместо дневно, откако ќе помине дополнувањето на Законот за просветна инспекција, што денеска во прва фаза помина во матичната собраниска комисија.

Новиот рок е усогласен во разговори со Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК, а новина ќе биде и тоа што казната за невнесување на оценките и изостаноците во Е-дневникот наставниците ќе ги чини 300 евра наместо сегашната од 1.000 евра.

Ќе се подобрува и апликацијата за Е-дневникот затоа што имало основани пропусти посочени од наставниците, но имало и наставници кои долго не ја исполнувале таа обврска на што, како што рече Ристовски, покажува и зголемениот пристап за внес во Е-дневникот во последните две недели од крајот на минатата учебна година.

– Беа побарани извесни отстапки, можност за пролонгирање од неколку дена за внесување на податоците во Е-дневникот, зашто има наставници кои не можат дента да ги внесат сите податоци за учениците. Затоа одлучивме внесот на податоците во електронскиот дневник да биде еднаш неделно, а соодветно на тоа и еднаш неделно да бидат контролирани. Од една страна ја разбираме ситуацијата во која наставниците мора да ги внесуваат податоците но, од друга страна, мора да разбереме дека од тие податоци зависи правовремената информација на родителите за нивните деца во една недела. Се работи за балансиран систем во кој ќе се задоволат можностите на наставниците за водење на Е-дневникот и на родителите да им се овозможи целосно и навремено добивање на податоците, додаде Ристовски.

obrazovanie

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Горан Наумовски15/07/2025 - 17:00

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

Горан Наумовски29/06/2025 - 13:47

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Горан Наумовски10/06/2025 - 12:52

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on05/05/2025 - 10:17

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Горан Наумовски20/03/2025 - 21:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен