Суровикин e нов командант на руските сили кои војуваат во Украина

Од:

Командантот на Воздухопловните сили (ВКС) на Руската Федерација Сергеј Суровикин е назначен за командант на Здружената група на сили во зоната на специјални операции во Украина, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

„Со одлука на министерот за одбрана на Руската Федерација, генералот на армијата Сергеј Суровикин е назначен за командант на Здружената група трупи (сили) во зоната на специјални воени операции – рече Конашенков на брифингот, пренесува Интерфакс.

Од 24 јуни, Суровикин командуваше со Јужната група руски трупи во „зоната за специјална операција“ во Украина. Претходно командуваше со руска група во Сирија, а учествуваше и во втората чеченска војна.

Суровикин беше назначен за командант на руските воздушни сили во ноември 2017 година. Претходно, од октомври 2013 година, тој командуваше со трупите на Источниот воен округ.

Би можело да ве интересира

Зеленски ги објави деталите за неговиот „план за победа“

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Шредер: „Русија е непобедлива“

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски