Тешко повреден малолетник во сообраќајкa

Од:

На 7.10.2022 во 14.20 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино -с.Таор се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од М.А.(44) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ф.(24) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски