Од поранешниот член на Лос Анџелес Лејкерс, и двоен НБА шампион Ламар Одом (33), нема ниту траг ниту глас во последните 72 часа.
Веста прв ја откри TMZ, а американските медиуми пренесуваат дека Ламар, сопругот на Клои Кардашијан побегнал откако одбил да оди на клиника за одвикнување од дрога.
Имено, Одом консумира тешки дроги во последните две години.
Минатото лето Клои го убедила Одом да оди во клиника за рехабилитација, но истата кошаркарот самоиницијативно ја напуштил после само три недели.
Пред неколку дена Клои го исфрлила сопругот од дома поради неговото консумирање дроги и поради тоа што одбивал да се лекува од зависноста.
Наводно се огласил неговиот портпарол кој тврди дека Ламар Одом е добар, но не сакал да каже каде кошаркарот се наоѓа.