Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со претставниците на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст

Од:

Претставниците на фондот „Финансии во движење“ и Инвестицискиот фонд за зелен раст истакнаа дека соодветната поставеност на политиките коишто ги спроведува Народната банка во изминатиот период на здравствената криза и во моментов овозможува одржување на макреокономската стабилност на земјата, којашто е поддржана и од стабилноста на банкарскиот сектор. Поставеноста на регулативата, спроведувањето на супервизијата и преземањето мерки коишто овозможуваат макропрудентна стабилност му овозможуваат на банкарскиот систем да им дава непречена и активна поддршка на економските текови. На состанокот присуствуваа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со својот тим, Тони Мајрон, претседател на Инвестицискиот фонд за зелен раст,Михаел Неумар, член на раководните тела на фондот, Борислав Костадинов, директор во фондот „Финансии во движење“ и Славен Поповиќ, регионален претставник на фондот „Финансии во движење“ во нашата држава.

На средбата стана збор за можноста за обезбедување нови кредитни линии за банкарскиот систем за поттикнување на инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и ефикасност на ресурсите, но и за можностите за продлабочена соработка со Народната банка во делот на активностите коишто ги презема таа изминативе неколку години во сферата на зеленото финансирање и раководењето со ризиците од климатските промени. Овие прашање стануваат сè позначајни и заради енергетската криза којашто има сериозни ефекти врз нашата економија.

Говорејќи за досегашните активности на Народната банка, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се осврна на вложувањето напори за сѐ позастапена „зелена“ компонента во финансиите во македонската економија. Пример за тоа е мерката којашто беше усвоена од страна на Советот на Народната банка минатиот месец со Одлуката за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори.

Анкетата за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година, покажува дека речиси 90% од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, 40% имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени, додека 80% од испитаниците одговорија дека размислуваат за воведување вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во првата половина од 2022 година забележаа раст за 5,6% во споредба со крајот на претходната година.

Инвестицискиот фонд за зелен раст, како иницијатива на Европската инвестициска банка и Германската банка за развој, подржан од фондот „Финансии во движење“, во нашата држава е активен преку финансирање на банките и обезбедување инвестиции за проектно финансирање, како и преку проекти за техничка поддршка. Досега, Фондот има обезбедено финансиска поддршка во вкупна вредност од 41 милион евра, вклучувајќи и 22 наменски проекти за локалните финансиски институции во износ од 800 илјади евра во форма на неотповиклива техничка поддршка.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски