Битолчанец криумчарел мигранти

Од:

Педесет и четиригодишен битолчанец во својот автомобил нелегално превезувал мигранти, односно државјани од Гана и Сенегал, информира Министерството за внатрешни работи.

На 22-ри овој месец околу 21,35 часот, на стариот пат Неготино- Градско при контрола на автомобил „голф“ управуван од 54-годишниот И.С. од Битола, од истиот излегле тројца мажи кои веднаш се дале во бегство.

Две од лицата се пронајдени, а потоа било утврдено дека станува збор за државјани на Гана и Сенегал кои немале никакви документи за идентификација.

Мигрантите овој месец илегално влегле во земјава преку Грција, а планирале да заминат за Унгарија.

Полицијата против И.С. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски