Одземени 37 возила кои нелегално превезувале стока и патници

Од:

Во вториот квартал од годинава одземени се 37 возила со кои се вршел нелегален јавен превоз на стока и патници. Од нив, трајно одземени се 34 возила, а времено три возила.

Во овој период, како што денеска информира Министерството за транспорт и врски, издадени се вкупно 153 патни налози и 91 покана за наплата на глоба за прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај. Поднесени се 191 барање за поведување прекршочна постапка до надлежните судови и 186 барања до надлежната комисија за прекршоци заради нерегуларности.

– Еден дел од трајно одземените возила ќе биде распределен на институции каде има потреба од тоа, а друг дел ќе бидат предмет на продажба, информира ресорното Министерство.

Во овој период од годината извршени се вкупно 1.145 инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за транспорт.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски