Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето цени во Белорусија

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето на цените во неговата земја, јави ДПА.

– Од 6 октомври забранети се какви било покачувања во цените. Забранети, подвлече Лукашенко денеска, според државната новинска агенција Белта.

Не од утре, туку од денеска, нагласил белорускиот претседател.

Тие кои ќе го прекршат декретот, ќе се соочат со „итно апсење и кривично гонење“.

Лукашенко не ја исклучи целосно можноста во иднина да има потреба од пораст на цените во некои области. Но, тоа само со официјално одобрување за такво нешто.

Според бирото за национална статистика, инфлацијата во Белорусија беше 17,9 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година.

Особено е забележан остар раст кај цените на храната.

Стапката на инфлација може да се зголеми до 19 отсто до крајот на годината, предвидуваат дел од белоруските економски експерти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад