Приведено лице од струмичко, осудено на петгодишна затворска казна

Од:

Денеска попладне во 13.50 часот во село Ангелци, локален пат за село Градошорци, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 46-годишниот О.П. од Ангелци, извести МВР.

– Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик и за него била распишана централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на 13 месеци од казната, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници