Штрајкот на пилотите на нискобуџетната авиокомпанија Еуровингс денеска ја принуди германската компанија да откаже околу 250 летови.
Подружницата на Луфтханза соопшти дека околу половина од нејзините 500 дневни летови ќе бидат откажани, што ќе влијае на десетици илјади патници.
Германските аеродроми ќе бидат најтешко погодени, но и многу други, пред се во Стокхолм, Прага и Мајорка.
Синдикатот на пилотите најави штрајк откако пропаднаа разговорите со раководството за подобрување на работните услови.
Пилотите бараат да се намали максималниот број часови на летање.
Извор: МИА