Големиот пожар, кој беснее во западниот дел на американскиот национален парк Јосемити, во државата Калифорнија, уште повеќе се проширува, изјави портпарол на овој заштитен природен објект.
Огнот го зафатил и внатрешниот дел на Јосемити, а некои делови биле евакуирани поради густиот чад. Огнената стихија се приближила на само околу три километри од главниот водовод, кој го обезбедува со вода поголемиот дел на Сан Франциско.
До овој момент пожарот уништил 4.850 хектари земјиште, а до вчера биле разурнати 11 куќи, 1.000 доградби и четири трговски објекти.
Националниот парк Јосемити е познат по свооте водопади, џиновските секвои (дрвја) и другите природни убавини.