Песков: Нема промена во режимот на специјалната воена операција во Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека сè уште не е донесена одлука за промена на режимот на специјалната воена операција во Украина, пренесе Бета.

Песков ги коментираше извештаите за претстојната промена на режимот на специјалната воена операција во Украина во режим на антитерористичка операција, за која денеска пишуваа некои руски недржавни медиуми.

-Тоа е целосно привилегија на врховниот командант и претседател на државата. До денеска такви одлуки не се донесени, одговори Песков.

Портпаролот на Кремљ, исто така, ги демантираше извештаите за подготовка на претседателско обраќање во кое се најавува промена на статусот на специјалната воена операција.

-Не, нема да биде, тоа е лажна вест, рече Песков.

Песков оцени дека коментарите на функционер на Пентагон дека Украина може да ја користи опремата што ја добива од САД за напади врз цели на Крим се крајно опасни.

Коментарите на Лора Купер, заменик-помошник секретар на Пентагон за руски, украински и евроазиски прашања, се „исклучително опасни“ и „доказ за директно вмешаност на САД во конфликтот“, додаде Песков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија напредува во регионот на Харков, голема евакуација

(ВИДЕО) Украина се одмаздува за рускиот продор во облсата Харков: го напаѓа Белгород

Катерина Ѓуровски

Русија освои неколку населби во регионот на Харков

Предраг Петровиќ

Русија нападна 30 места во областа Харков, во тек масовна евакуација

Генералштаб на Украина: Русија се обидува да изврши офанзива врз регионот Харков

Предраг Петровиќ