Американецот кој пред два месеци се разбуди како Швеѓанин допатува во Шведска за да започне нов живот.
Полицијата во јули оваа година во една хотелска соба во Палм Спрингс го пронајде онесвестен морнарски ветеран, Мајкл Томас Боатрајт.
Тие го однесоа во болница, а откако се разбудил не знаел кој е и зборувал само шведски. Тврдеше дека се вика Јохан ЕК и дека не ги познава пријателите ни членовите на неговото семејство.
Мајкл неодамна одлучи да се пресели во Шведска за да изгради нов живот и се обиде да го врати помнењето, а неговото доаѓање го забележаа бројни камери во таа земја.