Франсоа Оланд за Сирија: Се ќе се одигра оваа недела

Од:

Дали се наоѓаме на пресвртница во војната во Сирија две ипол години по нејзиниот почеток, бидејќи по првпат во оваа трагедија која француските медиуми ја споредуваат со таа од поранешна Југославија, САД и нејзините сојузници меѓу кои и Франција, предвидуваат евентуална воена акција против режимот на Башар ел-Асад, обвинет за користење на хемиско оружје.

Во Елисејската палата веќе неколку денови владее раздвиженост, претседателот Франсоа Оланд, министрите за одбрана Жан-Ив Дриан и за надворешни работи Лоран Фабиус долго се консултираа за сириското прашање.

Шефот на француската држава имаше телефонски разговори со скоро сите позначајни шефови на држави и влади, меѓу кои и американскиот претседател Барак Обама.

Генералштабот на француската армија веќе изработил и планови, пишува весникот „Паризиен“ и според сите показатели се подготвува една прецизна воена операција.

„Се ќе се одигра оваа недела“, изјави Франсоа Оланд за весникот „Паризиен“.

Според овoј весник се разгледуваат неколку можности, засилување на меѓународните санкции, бомбардирање на позициите на Асад или вооружување на бунтовниците.

Франција е убедена дека сирискиот режим користел хемиско оружје на 21 август.

Во телефонскиот разговор со неговиот американски колега, францускиот претседател јасно истакнал дека Франција исто како и Велика Британија ќе бидат заедно со САД во случај на прецизна воена акција.

Воената акција според француските медиуми е можна и без мандат на ООН, каде се противат Русија и Кина.

Француските воени експерти притоа се јасни одлуката за една воена интервенција би дошла директно од Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток