Лионел Меси ќе се врати во Барселона следното лето откако се „смирил“ со претседателот на клубот, Жоан Лапорта по драматичното заминување од „Ноу Камп“ пред две години, тврди аргентинската новинарка Вероника Брунати, одбивајќи ги понудите на Пари Сен-Жермен да го продолжи престојот во француската престолнина.
Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ во солзи ја напушти Барселона, откако клубот не можеше да му го обнови договорот поради финансиските проблеми и правилата на шпанската Ла лига, и подолго време се тврдеше дека е лут на Лапорта, сметајќи дека не направил доволно за да го заддржи и покрај неговата согласност платата да му биде намалена за 50 отсто. Меси претходните четири години доби 430 милиони евра од каталонскиот клуб
Меси имаше тежок старт на престојот во Париз, откако имаше само 6 гола во првите 27 домашни мечеви за францускиот клуб, а навивачите го исвиркаа по „колапсот“ на ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид. Но, оваа година, повторно го гледаме „стариот“ Меси, кој има седум гола во последните пет меча.
Извор: Топспорт