Бан Ки-мун: Секој момент е важен за истрагата на наводниот напад со хемиско оружје во Сирија

Од:
  • Секој момент е важен, не смееме да дозволиме дополнително забавување, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Mун во врска со денешниот почеток на истрагата на инспекторите на ОН на локацијата покрај Дамаск, каде наводно сирискиот режим минатата недела употребил хемиско оружје.

    Бан, кој се наоѓа во посета на Јужна Кореја, повика за целосен пристап на тимот инспектори во регионот на наводниот хемиски напад.

    – Такво нешто не може да остане неказнето, бидејќи тоа е тешко злосторство против човештвото, нагласи тој.

    Обединетите нации соопштија вчера дека тимот на инспектори за хемиско оружје денеска ќе го посети местото на нападот во преградието на Дамаск.

    Во соопштението на кабинетот на генералниот секретар на ОН се наведува дека сириските власти ветиле дека ќе го почитуваат прекинот на огнот во источните предградија на Дамаск, се додека тимот на ОН ги извршува активностите за утврдување на состојбата.

    Сирија претходно вчера им одобри на инспекторите на ОН да го посетат предградието на Дамаск, каде во средата наводно е извршен напад со хемиско оружје.

    – Во Дамаск денеска за време на посетата на високиот претставник на ОН за разоружување Анџела Кејн, беше постигната спогодба меѓу сириската Влада и Обединетите нации да му биде дозволено на тимот на ОН, предводен од професорот Еке Селстром, да ги истражи тврдењата за употреба на хемиско оружје во околината на Дамаск, се наведува во вчерашното соопштение на сириското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

(ВИДЕО) Нетанјаху: Израел ќе остане на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне друг договор

Русите се повлекуваат од базите во Сирија

ВИДЕО: Масовна гробница со 100 000 илјади тела откриена во Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозии во Сирија: Најсилен израелски напад од 2012 година

Катерина Ѓуровски

Каја Калас: ЕУ нема да ги укине санкциите за Сирија додека не се обезбеди заштита на малцинствата и жените