Според последните прелиминарни податоци на Централната изборна комисија на БиХ за постигнатите изборни резултати на општите избори во БиХ за претседател на Република Српска, лидерот на СНСД Милорад Додик се уште е во водство во однос на неговата противкандидатка Јелена Тривиќ, со поддршка од 48,28 отсто наспроти 43,39 отсто од гласовите.
Додик освои 277.703, а Тривиќ 249.595 гласови, а овој резултат е објавен врз основа на 93,28 отсто од обработените избирачки места.
Кандидатот за потпретседател на Српска од бошњачката нација Сенад Братиќ ја доби довербата од 9.953 граѓани или 1,73 отсто, а по него е Чамил Дураковиќ со 7.825 гласови или 1,36 отсто поддршка.
На позицијата потпретседател меѓу хрватскиот народ води Давор Прањиќ со 1.534 гласови (0,27 отсто), додека Иван Бегиќ ја доби довербата од 1.478 гласачи (0,26 отсто).
Според истите податоци на ЦИК на БиХ, Жељка Цвијановиќ, кандидатот за српски член на Претседателството на БиХ, освоила 300.726 гласови или 52,57 отсто, додека кандидатот на СДС Мирко Шаровиќ освоил 205.805 гласови или 35,98 отсто.
Трет на листата е кандидатот на ДНС Ненад Нешиќ со 31.742 гласови или 5,55 отсто.
Овој резултат се базира на 94,42 отсто од обработените избирачки места.
Кога се во прашање партиите од Република Српска, СНСД убедливо води за Народното собрание на Република Српска со 187.106 гласови или 35,14 отсто. СДС освоил 82.351 глас или 15,47 отсто, додека за ПДП гласале 52.159 гласачи или 9,80 отсто.
Следува Социјалистичката партија Петар Ѓокиќ-НДП-СНП со 32.239 гласови или 6,06 отсто, додека ДЕМОС ја доби довербата од 30.955 гласачи или 5,81 отсто.
Обединета Српска освоила 28.563 гласови или 5,36 отсто, потоа Списокот за правда и ред на Небојша Вукановиќ со 26.554 гласови или 4,99 отсто, ДНС со 24.719 гласови или 4,64 и Движењето за државата 22.280 отсто или 24.280 отсто.
Зад нив се НПС-ДАРКО БАЊАЦ-ПУС-ПРВА СДС со 18.275 гласови или 3,43 отсто и СПС на Горан Селак со 16.539 гласови или 3,11 отсто.
Овие резултати се базираат на 86,82 отсто од досега обработените избирачки места.