Расте бројот на загинати во терористичкиот напад во Бугарија

Од:

Тројца Израелци и еден Бугарин се жртвите од автобусот што беше кренат во воздух на аеродромот „Сарафов“, во Бургас попладнево.

Според последните информации уште еден од патниците починал откако бил пренесен во болница, иако се претпоставува дека бројот на настраданите е поголем.

Над 30 израелски туристи се повредени во експлозијата, а четворица од нив кои биле пренесени во болница се во тешка и критична состојба.

Меѓу повредените има и две бремени жени. Глетката по нападот била стравична. Очевидци тврдат дека насекаде летале делови од тела.

„Беше ужасно. Насекаде летаа човечки глави“, рече очевидец.

Израел потврди дека е извршен напад вез негови жители, и според израелските власти експлозивот бил активиран откако патниците се качиле во автобусот, а терористите биле млади луѓе.

Контраверзни се инфорамциите каде била поставена бомбата, некои медиуми тврдат дека била поствена на предниот дел од автобусот, додека се остава и отворена можноста за теророрист самоубиец кој ја активирал бомбата кога се качувал во автобусот.

Сите патишта во Бугарија се блокирани и под надзор на специјални полициски сили а сега е стопиран и сообраќајот од аеродромот во Бургас и летовите се пренасочени на Варна.

Бугарските власти и медиумите нападот го нарекуваат „атентат“, иако е јасно дека се работи за терористички напад. Најверојатно, според израелските медиуми причината е што Израел ја имал предупредено Бугарија уште на почетокот на годинава дека има опасност од теросристички напад врз израелски туристички групи. Весникот Аарец пишува дека Израел упте тогаш барал зајакнување на мерките на безбедност во Бугарија.

Бугарските владина прес служба тогаш коментираше дека нивните тајни служби немаат никакви информации за терористички напади.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски