Американскиот претседател Џо Бајден повторно стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи. Овој пат на интернет почна да кружи ново видео на кое се гледа како американскиот претседател изгледа малку изгубено по неговиот говор.
Бајден во четвртокот беше во канцеларијата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), каде што го пофали нејзиниот одговор на ураганот Иан. Откако го заврши говорот, американскиот претседател сврте десно и тргна кон групата луѓе, игнорирајќи ги повиците на претставниците на ФЕМА.
"Mr. President………?" pic.twitter.com/DOdTltF6g1
— RNC Research (@RNCResearch) September 29, 2022
На видеото објавено на Твитер, Бајден може да се види како се заблагодарува, а потоа оди кон луѓето. Во тој момент се слуша како претставничката на ФЕМА вели „Господине претседателе“, но тој ја игнорира. Потоа оди да се ракува со луѓето присутни во канцеларијата на ФЕМА, а персоналот на американската тајна служба брзо го следи.