Во југозападниот дел на Кина, маж чии име не е објавено, со нож уби три, а повреди неколку лица, пренесе „Франс прес“.
Меѓу повредените во инцидентот во градот Ченгдуу, е и едно десетгодишно девојче.
Осомниченото лице е уапсено се наведува во соопштението на полицијата.
Неколку дена порано, на 19-ти август, еден маж со нож нападна патници во автобус во централната кинеска провинција Хенан, убивајќи три лица меѓу кои и десетмесечно бебе и едно десетгодишто момче.
Кон крајот на јули, во градот Шенжен, ментално болен маж со нож уби три минувачи, а повреди пет, додека во Хенан, друг напаѓач исто така со нож уби пет лица со кои имал нерасчистени сметки околу бизнисот.
Елена Георгиевска