Ирак: Нов биланс, 48 жртви

Од:

Во неколку одвоени напади, вчера во Ирак загинаа 48 лица, вклучувајќи и едно осумгодишно дете, а повеќе десетици се повредени, пренесуваат агенциите.

Во близина на Мосул, бунтовниците поставиле лажен контролен пункт, благодарение на кој заробиле и убиле пет војници, соопшти полицијата.

Во Мосул е убиен и еден продавач, но за сега не е познат мотивот за убиството.

Во северниот дел на Ирак, во градот Балад, во експлозија на автомобил бомба загинаа три медицински сестри и еден случаен минувач, а уште 13 лица се повредени, вклучувајќи и еден судија, за кого се претпоставува дека бил мета на нападот.

Во багдадската населба Ал Амин, во експлозија на автомобил бомба на еден пазар, загинаа три, а повредени се 13 лица, соопшти полицијата.

Уште три цивили загинаа, а шест се повредени во бомбашки напад во багдадската населба Зајона, а две лица загинаа и седум се повредени во трговскиот центар во областа Газалија.

На 25 километри од Багдад, во Мадаин, во уште една експлозија на автомобил бомба се убиени четири, а повредени 12 лица.

Во бомбашки напад во близина на Бакубе, загина и едно осумгодишно момче, а 11 лица се повредени.

Повеќе од 3.000 лица загинаа во насилствата во Ирак во последните неколку месеци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак