Укранската армија објави видео од соборувањето на рускиот хеликоптер Ка-52 некаде во регионот Запорожје.
Видеото се прошири на социјалните мрежи, а беше објавено и на официјалните канали на армијата. Видео споделено од Службата за безбедност на Украина го прикажува соборувањето на руски хеликоптер во близина на регионот Запорожје.
„Специјалните сили на Централната служба за безбедност „А“ СБУ го уништија рускиот хеликоптер Ка-52 во правец на Запорожје. Тактичката група на нашите експерти беше на напредни позиции и го контролираше подрачјето на можен премин на непријателските авиони.
И откако три хеликоптери се појавија во зоната на удар, еден од руските Ка-52 изврши тешко слетување како резултат на оган од MANPADS. Продолжуваме да работиме до целосна победа! Слава на Украина“, објавија тие.
Автентичноста на снимката не е потврдена, а не се знае ниту кога и каде точно се случил настанот.