Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари

Од:

„Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ технички можат да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни многу време и пари, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

– Пред сè, Русија има намера да разјасни кој е виновен за саботажата на гасоводите, доколку за тоа имаат интерес САД, Украина и Полска, посочи тој.

– Вакви инциденти досега немало. Секако дека има технички можности за обновување на инфраструктурата, но за тоа е потребно време и соодветни средства. Сигурен сум дека ќе се најдат соодветни можности, рече тој.

– До денес, пред сè, потребно е да се открие кој го сторил тоа, а ние сме сигурни дека некои земји кои претходно го искажаа својот став, се заинтересирани за ова. Тогаш и САД и Украина и Полска рекоа дека „тие се ќе направат сè за таа инфраструктура да не работи“, така што, се разбира, тоа треба сериозно да се реши“, додаде Новак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Британската морнарица го разнесе Северен тек

Ана Ололовска

Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на „Северен тек“

Ана Ололовска

Сојузник на Путин: Саботажата на „Северен тек“ е како напад на ЦИА во 1983 година

А1он

Гасот престана да истекува од оштетениот гасовод во Балтичкото Море

Ана Ололовска

Трас и Фредериксен: Инцидентите на гасоводот „Северен тек“ се акт на саботажа

Ана Ололовска

Гаспром: Од гасоводот истече гас колку што и треба на Данска за три месеци

Ана Ололовска