Ердоган: Од 2016 од Турција во Сирија се вратиле над 500.000 бегалци

Од:

Над половина милион од вкупно 3,7 милиони Сиријци, кои се привремено прифатени од Турција, од 2016 година досега се вратени во својата земја, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Од почетокот на нашите прекугранични операции во Сирија во 2016 година, околу 526.000 бегалци се вратија во безбедните зони што ги воспоставивме во северна Сирија, рече Ердоган во турскиот Парламент.

Турскиот претседател пред неколку месеци изјави дека се подготвува доброволно враќање на околу еден милион сириски бегалци. Во Турција се регистрирани 3,7 милиони бегалци од Сирија.

Ердоган се залага за продолжување на финансирањето за домување и инфраструктура во северозападна Сирија, каде што е распоредена турската војска.

Прашањето за пречекот на сириските бегалци стана главна тема во Турција, осум и пол месеци пред претседателските избори, во моменти кога земјата се соочува со голема економска и монетарна криза. Опозициските партии редовно ги повикуваат властите да ги депортираат милионите Сиријци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски