Подземните складишта за гас во Турција се 100 отсто полни, соопшти турскиот министер за енергетика

Од:

Подземните складишта за гас во Турција се 100 отсто полни, објави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез на Твитер.

Турција ги заврши подготовките за зимата, при што подземните складишта за гас се целосно исполнети со природен гас, истакна Донмез.

„Нашите подземни складишта за гас во Силиври и Тузголу се 100 отсто полни“, прецизираше тој вчера.

Турските власти најавија дека не очекуваат влошување на состојбата во енергетскиот сектор, бидејќи Турција нема проблеми со испораките на природен гас, кој го добива главно од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски