Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека ривалите од Ред бул рејсинг се предмет на истрага за прекршување на правилата за ограничен буџет во Формула 1 веќе неколку месеци.
Во петокот повеќе медиуми јавија дека лидерите во генералниот пласман на Ред бул, заедно со Астон Мартин, се под истрага за прекршување на финансиските правила, нешто што тимовите го демантираа, но Волф вели дека истрагата трае неколку месеци.
„Смешно е што Кристијан вели дека се под буџетот бидејќи веќе неколку недели и месеци тие се под истрага. Можеби не зборува со луѓето задолжени за финансиски работи во тимот. Сите сме под истрага подолго време и од тоа што го знам, има тим што минимално го пречекорува буџетот процедурално и уште еден тим што е далеку над буџетот. Тоа е отворена тајна во Ф1“, вели Волф.
Според правилата на ФИА, казните може да бидат финансиски, но во построги случаи дури и исфрлање од шмпионатот.
Извор: Топспорт