Повеќе медиуми вечерва пренесоа дека починала Јованка Броз, сопруга на доживотниот југословенски претседател Тито но сите се повикуваат на веста објавена на хрватскиот новинар Денис Латин.
Тој на својот фејсбук профил ја објави веста, а неговите пријатели пишуваат коментари со сочувство. Јованка Броз пред неколку дена беше хоспитализирана откако падна во состојба на кома и се наоѓа во шок- соба под будното око на лекарите.
Српските лекари соопштија дека кај неа била откриена рана на градите и најверојатно се работи за рак на кожата, но и дека таа дијагноза ќе ја потврдат во понеделник по деталните испитувања. Лекарите открија и дека нејзините бубрези не со во добра функција но и дека со години го запоставувала своето здравје и одбивала да се лекува. Таа во Ургентниот центар во Белград беше пренесена од нејзини роднини, откако не можела да се спротивставува повеќе. Јованка Броз има 92 години. Се уште нема официјална потврда за сопругата на некогашниот претседател на Југославија, а оваа вест ја нема во српските медимуми. Тие пренесуваат дека нејзината состојба е непроменета.