На 29.09.2022 во 22 часот во Полициската станица Аеродром, 74-годишен скопјанец пријавил дека тој и неговата сопруга биле измамени од едно лице за сума од 3.500 евра.
Според пријавеното, лицето им се јавило околу 09.15 часот и ги известило дека нивниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која починало дете и доколку сакаат да се спаси од затвор ќе треба да му дадат пари.
Како што е пријавено, тие се договориле и му ги дале парите, но подоцна сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.