Германија следната година ја очекува рецесија поради зголемените цени на енергенсите

Од:

Водечките германски економски институти проценуваат дека германската економија следната година ќе влезе во рецесија, се наведува во денеска објавената редовна есенска анализа за економските текови во земјата.

„Поради силно зголемените цени на плионот, трошоците за енергија се драстично зголемени, што доведува до масовно намалување на потрошувачката“, се наведува во таканаречената „Есенска проценка на водечките економски институти на Германија“.

За 2022 година институтите во целина очекуваат економски раст од 1,4 отсто благодарение на подоброто прво полугодие, но предвидуваат намалување на БДП три последователни квартали, почнувајќи од третиот квартал годинава.

Во извештајот се сугерира дека севкупното економско производство во 2023 година може да се намали за 0,4 отсто, а инфлацијата да достигне до 8,8 отсто, што се нивоа невидени со децении.

Во пролетната проценка, економистите предвидуваа раст од 3,1 отсто за следната година, а сега во новата проценка предвидуваат пад на БДП од околу 0,4 отсто.

Ситуацијата би можела да се подобри во 2024 година, кога се очекуваат ефектите од стабилизацијата на цената на енергенсите.

Но, во исто време се заклучува дека зголемувањето на цената на плинот за Германија претставува „трајно намалување на благосостојбата“.

Во составувањето на Есенската проценка учествуваат четири од најважните германски економски институти, а исто така таа и служи на федералната влада за правање на своите проценки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија