Либерално демократската партија смета дека предлогот на Председателот на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата на РМ Никола Груевски да се одржат предвремени парламентарни избори на 13 Октомври, е крајно несериозен и неодговорен чин.
ЛДП смета дека неподготвеноста и неспособноста на ВМРО- ДПМНЕ да ја прифати одговорноста за настаните пред и во македонското Собрание од 24 декември 2012 година, не може да биде причина и мотив за да се одржат предвремени парламентарни избори на 13 Окомври 2013 година.
Воедно, сметаме дека во услови кога Премиерот Груевски инсистира Анкетната комисија да ја заврши својата работа со „било каков извештај, на чело со било каков претседател“ заради позитивниот Извештај на Комисијата на ЕУ , тогаш е неопходно вонредните парламентарни избори да се одржат согласно европските критериуми утврдени во рамките на ОБСЕ.
Доколку навистина Груевски инсистира на европските стандарди истите мора да се почитуваат и во рамките на третманот кон Законодавната и Судската власт од страна на Извршната власт со која раководи самиот тој.
Почитуван Груевски не е доволно да добиете само Извештај на експертската комисија за настан ите од 24 декември кој ќе е согласно Вашите желби со што сметате дека ќе ја задоволите Комисијата на ЕУ за проширување. И во Брисел и во Скопје сите се свесни дека сте должни да преземете серија на политички реформи со кои ке се обезбедат слободни европски легални и легитимни избори, независност на судството и медиуми,достоинствен дијалог со опозицијата.
Оваа тешка политичка и економска криза, во која подолг период се наоѓа Република Македонија може да се надмине само со сериозен пристап од страна на сериозни политичари, а не со партиско популистички решенија.