Две лица загинаа во пожар во нафтена рафинерија на полскиот државен гигант ПКН „Орлен“ во близина на градот Плоцк во централна Полска.
Компанијата соопшти дека пожарот избувнал во една од печките, но пожарникарите успеале брзо да го изгаснат и спречиле да не ги зафати другите инсталации.
Истрагата за случајот веќе е започната, соопшти градското обвинителство во Плоцк.
Претходно денеска, Полска отвори нов гасовод што ја поврзува земјата со Норвешка и ќе и помогне да постигне енергетска независност од Русија.
Извор: МИА