Во промоцијата на Еуробаскет 2013 домаќинот Словенија вчера организираше и кошаркарски натпревар на море.
На специјално направен сплав одалечен 300 метри од брегот настапија поранешни кошаркарски имиња од Словенија, Хрватска и Италија.
Најдобри на натпреварите кои се играа по 20 минути беа Хрватите, но тоа беше во вторплан.
Единствените гледачи беа на присутни на брод венаш до сплавот.
На теренот своите вештини повторно ги покажаа: Радослав Нестеревиќ, Јака Данеу, Марко Милиќ, Матјаж Смодиш, Славко Котник (Словенија), Дино Раѓа, Жан Табак, Арамис Наглиќ (Хрватска), а во последен момент откажаа Аријан Комазец и Дино Менегин.